На денешен ден Во Берово е роден Царот Малешевски, борец за слободна Македонија, познат како Иљо Војвода, Кара Иљо, Дедо Иљо

180

Ајде, ред се редат, мале, ајде ред се редат, кочански сејмени… Така почнува народната песна испеана за Царот Малешевски, кој се родил на денешен ден пред 219 години и останал активен борец за слободна на Македонија и на поодмината возраст.

На 28 мај 1805 година, во Берово е роден Илија Марков – Малешевски, прочуен македонски ајдутски војвода од втората половина на 19 век, кој се борел во многу битки против Османлиите и поради неговото херојство го нарекувале и Цар Малешевски.

Во османлискиот период, Малешево било нахија (реон) и било составен дел од каза (околија), а во 19 век, неколку малешевски села влегувале во Ќустендилската каза, која била составен дел од Нишкиот вилает.

Според Ј. Џ. Васиљевиќ семејството Иљо припаѓало на родот Мутракинови, кои се викале Кализовци и Маркови. П. Хитов истакнува дека таткото на Иљо се викал Марко, а по него се нарекол Марков. В. Стојанов го именувал како Иљо Марков. Во документите од 60-тите години на 19 век е именуван како капетан Иљо, а потоа како дедо Иљо. Се сретнува и како Кара Иљо, Иљо Малешевски, а во постарата литература се сретнува како Иљо Војвода.

Во конзуларните извештаи од 1860-1862 година се наведува дека Иљо имал една ќерка од околу 10 години и два сина од 5 и 8 години. Од овој податок може да се заклучи дека Иљо веќе околу 12 до 15 години бил оженет. Во едно писмо на неговата жена Стојанка – Цона напишано околу 1860 година, која исто така потекнувала од Берово, пишува дека таа се омажила пред 11 години, односно околу 1849 година.

Опширен текст за Иљо Војвода, за кого е испеана и народната песна од видеото кое го објавуваме подолу, може да прочитате во Денешен на овој ЛИНК.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content