На Голем петок прилепчани традиционално ќе го посетат манастирот Св. Архангел Михаил

26

Оваа година со олабавувањето на мерките за пандемијата со кopoнавиpycoт ќе се врати масовноста за празникот во најстарата прилепската населба Варош и манастирот Св. Архангел Михаил, а варошани сигурно широко ќе ги отворат портите на своите домови и ќе пречекаат многу гости.

Празнувањето на Голем Петок е вековна традиција која започнува со литургија во утринските часови во манастирската црква, каде огромен број верници доаѓаат, ќе се помолат и ќе нацрпат од изворските води на манастирот, за кои се верува дека се лековити.

Варошани своите куќи на овој ден ги украсуваат со зелени гранчиња и чекаат гости.

Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.

Во некои места празникот е познат под името Богородица Балаклија. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори.

На сите граѓани, а посебно на варошани им го честитаме празникот, со желби до година да пречекаат голем број гости.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content