Најстудено во Берово, во Охрид најтопло

110

Како што соопштија од УХМР, -1 степен утрово до 07.30 часот се измерени во Скопје-Петровец и Струмица, нула во Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија, Гевгелија и Попова Шапка, 1 степен во Штип, Куманово, Велес, Кавадарци и Лазарополе, 3 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Крушево, Дојран и Маврови Анови, 4 степени во Прилеп, Виница и Дебар.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2). Четири во Попова Шапка, 3 Дебар, 2 Крива Паланка, Виница, Лазарополе, 1 Тетово, Маврови Анови, Штип, Струмица и Крушево.

Во 7 часот висината на снежната покривка е 5 сантиметри во Маврови Анови.

Во првата половина од ноќта, стои во соопштението од УХМР, времето ведро со мала до умерена облачност, во втората облачноста постепено се зголемуваше, а по одделни котлини, особено долж Повардарието се формира магла.

Утрово е променливо облачно, по котлините со појава на магла (Скопје, Куманово, Демир Капија, Струмица) со намалена хоризонтална видливост до 50 метри. Дува слаб, а на повисоките места умерен ветер од западен и југозападен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно и магливо. Околу пладне ќе има услови за слаб дожд. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content