Оние кои се топлат на струја веќе ги започнаа пресметките за цената која ќе треба да ја одвојат од семејниот буџет за сметката за струја. Но, не само уредите за топлење трошат струја, тука се и голем број на апарати од домаќинствата.
Според експертите најголеми потрошувачи на електрична енергија во домот се оние од кујната.
Фрижидерот троши многу затоа што мора да работи цело време, а шпоретот затоа што за еден час повлекува најмногу електрична енергија. Податоците од стручни проекти за енергетска ефикасност покажуваат дека фрижидерот месечно троши 108 киловат-часови, додека шпоретот, со само еден час работа во денот, троши 120 киловати електрична енергија секој месец.
Ако ја вклучуваме секој ден, машината за садови, овој апарат ќе биде на трето место по потрошувачка и во месецот ќе ни потроши 90 киловати струја.
Ако бојлерот го вклучувате секој ден по еден час, месечно ќе ви потроши 60 киловат-часови со што тој доаѓа на четврто место по потрошувачка на електрична енергија.
Како големи потрошувачи на електрична енергија се и сијалиците во домот. Пресметките покажуваат дека тие месечно трошат 45 киловати.
Телевизорот во моментот кога ќе го исклучите телевизорот преку далечинското, тоа не значи дека телевизорот не троши повеќе струја. Напротив, овој уред и понатаму ќе троши електрична енергија.