Наставата во Прилеп се одвива без застој
И во 10-те основни и во петте средни прилепски училишта наставата се одвива без застој. Овој период на голем ковид- бран, особено во Прилеп, ја засили внимателноста.
Се трудат и 32-та заболени наставници да нема прекини, посебно осумте од нив, кои од настава со физичко присуство, се префрлија на он-лајн предавања. Потешко е за нижите одделенија, ама се привикнуваат. Помошта и на родителите е голема. И при он-лајн настава во средните, заложбите се големи да нема заостанувања.
Во сите прилепски училишта, 24 ученици се позитивни. Преку 2.300 следат настава со физичко присуство, а он-лајн се 8.000 основци и средношколци.