На концертот „All-Western Balkans Jam”, што ќе се одржи со поддршка на Владата на Северна Македонија, ќе настапат S.A.R.S., UZUN BABA OG! – SEKTOR 909, URAN B, HELEM NEJSE, DJ SARDI и WHO SEE (С.А.Р.С. од Србија, „Узун Баба ОГ-Сектор 909″ од Северна Македонија, „Урбан Б” од Косово, „Хелем Нејсе” од Босна и Херцеговина, „Ди џеј Сарти” од Албанија и „Ху Си” од Црна Гора).
„Ова е историски успех за Западен Балкан до кој дојде како резултат на преговори што траеа речиси една година, а кои беа олеснувани од Советот за регионална соработка и Европската унија, по што претставниците на владите на сите шест економии на Западен Балкан во април 2019 година потпишаа спогодба со која се согласија, прво постепено да ги намалат цените на роамингот, за потоа, тие да бидат укинати од 1 јули 2021 година. И од 1 јули, подготвени да започнат интензивно да работат на нула тарифи за роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ“, се наведува во соопштението на РСС.
Концертот ќе се одржи на плажата „Лејк вју” во Отешево со почеток од 19 часот, а ќе може да се следи и на Јутјуб каналот на РСС, кој е организатор на концертот.
Инаку, граѓаните треба да знаат дека за само неколку дена, односно веќе од први јули, цените за мобилните разговори, но и за роамингот во Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ, паѓаат на нула денари, односно таму ќе се зборува по цени исти како дома. Кога ќе се патува во странство, граѓаните кога ќе стигнат на граница, не треба да се грижат ни дали го исклучиле 4Г интернетот, бидејќи и роамингот односно интернет ќе се користи по исти цени како да сте дома. Останува грѓаните да се грижат единствено дали им е доволно полна батеријата. Токму со ова мото „Само наполни ја батеријата – роамингот е бесплатен“, на први јули во Отешево ќе се одржи концертот во Отешево.