Наместо бесплатен јавен превоз, Скопје остана без превоз

104

Редуциран распоред
Приватните превозници возат редуцирано, само наутро од пет часот. Иако од Град Скопје велат дека се се одвива регуларно, реалноста е поинаква. Превозниците алармираат дека се наоѓаат во многу тешка финансиска состојба.

Приватните превозници на средба со надлежните, ако не се постигне договор ќе бидат уште поригорозни:

„Нашите проблеми тешко се решаваат со градоначалничката на Град Скопје“, велат оттаму.

Скопјани се жалат од јавниот превоз, велат автобусите се нередовни, а кога доаѓаат се преполни со патници.

Не е првпат скопјани да останат без градски превоз. И пред две поради неисплатени долгови приватните автобуси беа паркирани низ булеварите во главниот град.

Криза од 2022-ра година
Најголемата криза скопјани ја имаа во ноември 2022-та, поради долг од 1,5 милиони евра. Тогаш градоначалничката Данела Арсовска раскина договори на превознциите „Слобода превоз“ и „Макекспрес“. Тие велеа дека на градот не му требаат приватни автобуси.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content