МОН не размислува за затворање на училиштата

58

Министерството за образование и наука (МОН) не размислува за затворање на училиштата поради пандемијата, изјави министерката Мила Царовска, додавајќи дека состојбата во образованието е стабилна и оти нема потреба од нови мерки.

Состојбата со коронавирусот во образованието е апсолутно стабилна и одговорно стојам зад тоа, бидејќи на 3 декември беше најголемиот пик во првото полугодие и тогаш имавме 168 заразени наставници и 88 ученици. Сега имаме 62 заразени ученика на целата територијата на државата и 98 наставници, што значи дека сè уште сме многу пониско од пикот во декември – вели Царовска, нагласувајќи дека станува збор за помалку од еден процент од вкупниот број на наставници и 0,06 отсто од учениците.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content