МОН додели 34 од предвидените 50 стипендии за магистерски студии

156

Министерството за образование и наука (МОН) пред два дена ги објави резултатите од конкурсот за доделување стипендии за академски студии од втор циклус за академската 2023/2024 година.

Од МОН предвидоа 40 стипендии за студенти на природно-математичките науки, а 10 за општествените науки. Но, од предвидените 50, доделени се вкупно 34 стипендии.

Објавувањето на резултатите за стипендиите доцнеше неколку месеци, а ресорното министерство на 20 мај најави дека ќе бидат објавени таа недела.

Радио МОФ пред еден месец пишуваше за сè уште необјавените резултати од конкурсите кои беа отворени на почетокот на годинава, во јануари. Тогаш одговорот на МОН беше дека резултатите ќе бидат објавени „наскоро“, поради како што рекоа, надминатиот број пристигнати апликации.

За долгиот процес, претходно реагираа и од Универзитетското студентско собрание на УКИМ, по жалбите кои до нив ги испратиле студентите.

Од министерството инаку предвидоа и 15 стипендии за студентите на докторски студии во висина од 18.000 денари, но резултатите сè уште не се објавени.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content