Монструозна лага е „ЕУ-иднината“ на Македонија

55

Пишува: м-р Свето Тоевски

Да ги разобличиме сите монструоозни лаги и најасно да кажеме што се случува во суштината сега и која е целта на притисоците врз Македонија: целата приказна околу божемното зачленување на Македонија во ЕУ, но и во врска со притисокот и врз Србија да го прифати германско-францускиот план, поправо „зготвен“ во американската „геополитичка кујна“, е сценарио за распаѓање на Република Македонија, за цртање нови граници на Балканот и создавање било „Големо Косово“, било „Голема Албанија“!

„Фитилот за новиот балкански судир е веќе запален…“

Геополитичкиот аналитичар Јануш Бугајски од Вашингтон неодамна предупреди дека е веќе „запален фитилот за новите судири на Балканот“ со инсистирањето на Западот да се основа „Заедницата на српски општини“ во Косово“ и поради тоа што „ова ќе предизвика домино-ефект и во западниот дел на Македонија“. Ова е тоа сценарио за преобликувањето на територијалните граници во Балканот и за разбивањето на македонската држава на два нови ентитета: „Сан Стефанија“, како што тоа го кажа Јагнула Куновска, и „Република Илирида“.

Зад сите овие процеси стојат Соединетите Американски Држави, кои во Албанците отсекогаш гледале и наоѓале своја „јуришна пешадија“ во битката со Русија и Кина овие да не ги остварат своите „малигни влијанија“ на Балканот. Визијата на „Призренската лига“ од пред 140 години за обединување на сите „албански етнички простори“ во единствена држава „Велика Албанија“ сега добива максимална поддршка од САД и Европската Унија.

Но, Европската Унија не претставува никаков засебен играч на меѓународната сцена со своја автономна политика во служба на интересите на еропските народи. Таа е целосно „американизирана“, претворена е во верен слуга на американските економски и политички геостратегиски интереси, а во тој контекст и Жозеп Борел, Оливер Вархеи, Мирослав Лајчак се само најобични американски слуги.

Послушните „ЕУ-возачи“ на „булдожерот“ со „американско гориво“ за дробење на македонскиот отпор против промената на Уставот

Овие тројца се само послушни „управувачи“ на „меѓународниот политичко-дипломатски булдожер“, напојуван со „американско гориво“, кој е сега вклучен на најако со единствена цел: да се раздроби и да се уништи масовниот отпор на македонскиот народ против отворањето на Уставот и внесувањето на „државотворниот бугарски народ“, а веднаш и на „албанскиот автохтон државотворен народ“ во него со сите катастрофални „санстефански“ и „великоалбански“ планови за делење и приграбување на ова преостанато парче на некогашната единствена етнојазична територија на македонскиот народ.

„Македонија не може да добие подобра зделка!“ – „порачала“ Европската Унија преку Жозеп Борел. Но, тој лукаво условува: „Без уставни измени на кои се обврза владата, нема влез во Европската Унија!“.

Еврокомесарот Вархеи е „апсолутен оптимист“, исто како и вазалската „северна Влада“  дека „нашата земја би можела да пристапи во ЕУ“, ама „не може да каже дали тоа ќе се случи до 2030 година, бидејќи може да биде порано, а може да биде подоцна“. „Сѐ зависи од испораката на реформите од страна на Македонија“ – кажува Вархеи, мислејќи дека поточно се зависи од променувањето на Уставот, за што тој уште од лани летото нагласува дека „мора да се направи“! „Мора“!

Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на ЕУ задолжен за дијалогот Белград-Приштина, изразил „интерес за прашањата околу нашиот почеток на преговори со ЕУ“ и „лично уверување дека политичките актери во нашата земја ќе бидат свесни за моментумот и подготвеноста на ЕУ да почнат преговорите по завршувањето на обврските околу правењето на уставните измени“.

Нешто ми навира во умот легендарната реплика на македонскиот актер Митко Апостоловски во филмот „Трето полувреме’, посветен и на бугарскиот фашизам, па ќе потсетам на неа парафразирано во „современ европски стил“: „Државата Македонија, нејзиното име и македонскиот народ се свети, бе мамето ваше европско!

Македонскиот народ веќе ја зазема повторно вистинската страна на историјата со спротивставувањето кон  ЕУ-фашизмот и фашизмот на Бугарија

САД и Габриел Ескобар трајно и неповратно го погребаа „Договорот за стратегиско пријателство со Република Македонија“ од 2008 година со сите потези и политиката кон Македонија и македонскиот народ. САД ќе ја сноси одговорноста за се што (ќе) се случува отсега натаму во Балканот. Секој разумен човек ќе моли Бога да не започне и овој регион да се „украинизира“.

Во едно нешто сум сосема сигурен: во ситуацијата, која ќе претстои и која се повеќе наликува како 1941-вата, македонскиот народ веќе започнува да ја зазема повторно вистинската страна на историјата, искажувајќи го својот колективен отпор кон „ЕУ-фашизмот“ и фашизмот на официјална Софија. Македонците ниту во Втората светска војна немаа поддршка од никого, но се судрија со здружените сили на фашизмот и нивните домашни квислинзи и успеаја да победат со потпирање само врз сопствените сили.

Но, најпрво мора да се добие битката против менувањето на Уставот. Се додека ќе биде оваа владејачка коалиција и оваа Влада на кормилото на Македонија, се дотогаш ќе опстојува реалната и огромна смртоносна опасност за Македонија и Македонците. Исто така, ќе ги потсетам уште еднаш сите пратеници-Македонци во Парламентот на тестаменталните зборови на Никола Јонков Вапцаров од 1938-та: „Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза.“ Ова нека го имаат на ум посебно оние пратеници, кои потајум во себе се колебаат: дали да гледаат накај гробот на Гоце Делчев во „Свети Спас“, кој рекол дека „нема да блесне бугарското сонце врз Македонија“, или да гледаат во своите девизни и денарски сметки во банките…

Колку и да наликува моментниов македонски молк на состојба на малодушност и примиреност, сепак, македонскиот народ веќе има создадено своја „критична маса“ за искажување на бунтот и револтот против состојбата на окупација, во која се наоѓа Македонија, против сите сторени велепредавства и против ова, што допрва се готви околу Уставот.

Македонскиот народ самиот треба да се подготви за настаните, кои претстојат, имајќи ги предвид и следниве зборови на Вапцаров: „…неопходна ни е емоционална сила, што ќе ни ја раздвижи крвта, ќе ни раздвижи многу претопени чувства, многу спомени…Ако тагуваме за својата Татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала капка благодарен патриотизам, сега треба да се впрегнеме, ропски да се впрегнеме, за да понесеме дел од одговорноста на едно дело и жестоко величие на една епоха…Ние треба да ја познаваме македонската историја и најмногу историјата на национално-револуционерното движење – Илинден, Гоце, Даме…“

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content