Млади Германци пееја нацистички песни: Германија на Германците – странците надвор
Видео од елитен германски остров за забави во кое млади луѓе пеат нацистички слогани и прват нацистички поздрав со десната рака стана вирално и предизвика бран на бес.
Како што објави Guardian, на видеото објавено на X се гледа како група луѓе на островот Зилт, на северот на Германија, пијат и танцуваат заедно на песната L’amour Toujours од Џиџи Д’Агостино.
Но, некои од групата наместо текстот на песната го извикуваа стариот нацистички слоган „Германија на Германците, странците надвор“.
Еден млад човек облечен во бела кошула ја подига десната рака во очигледен нацистички поздрав додека ги имитира мустаќите на Хитлер ставајќи два прста над устата И слоганот и поздравот се незаконски и казниви во Германија.
Was man sich heute alles wieder traut. (Damit ist nicht @norazabel gemeint). https://t.co/ygqCJzxveu
— Carlo “Realism, Gedankenfetzen and Rants” Masala (@CarloMasala1) May 23, 2024
Полицијата во покраината Шлезвиг-Холштајн соопшти дека ја прегледува снимката и дека ќе постапи соодветно. Според досегашните информации, спорната песна ја пееле вкупно пет лица.
Слоганот „Германија на Германците – странците надвор“ е песна создадена во 19 век, користена од нацистичкиот водач Адолф Хитлер, а користена и како слоган за кампањата на екстремно десничарската Национал-демократска партија.