Младите од Прилеп преку петиција бараат отворање Младински центар

54

Досега се реализирани инфо денови, работилници, петиции, снимање аудио и радио подкасти и заклучокот е дека на младите и тоа како им е потребен овој простор – Центар каде ќе може да го поминуваат слободното време на квалитетен и креативен начин, реализирајќи активности од нивен најголем интерес и да бидат вклучени во одлучувањето на заедницата.

Марија Ташкоска, раководител на проектот во невладината „Младински совет“ вели дека во активностите се вклучени околу 1 500 млади.

-Од досегашните активности кои ги спроведовме во рамките на иницијативата „Биди креатор на својата автономна зона – Младински центар“ реализиравме три инфо денови на кои беа опфатени околу 1500 млади, им дадовме можност на младите да ги искажат своите ставови и мислења во однос на тоа каков тип активности и услуги треба да нуди Младинскиот центар. Младите се изјаснија дека сакаат да имаат простории за едукација, за културно-уметничко изразување, за спортски активности. Во однос на петицијата, досега се опфатени околу 250 млади и сите потписи собрани преку петицијата и преку сите други активности ќе бидат доставени до градоначалникот и до членовите на советот на тркалезна маса која се планира во наредниот месец, објаснува Ташкоска.

Марија Бундеска од невладината „Младински совет“ вели дека била воодушевена како функционира младинскиот центар во Охрид, а потребата да го има и во Прилеп ќе им даде вистинска охрабрувачка насока на младите дека креативните идеи привлекуваат внимание во заедницата.

– Навистина ни значи многу отворањето Културен центар. Таму ќе ги изразуваме идеите, мислењата, ќе има можност за едукација, а заедницата е должна да ни го овозможи тоа. Освен тоа, недостасува социјализацијата на младите, вели Бундеска.

Ненад Кулески е убеден дека со Центарот мобилните телефони нема да бидат невен центар на внимание.

– Имаме потреба да се слушнат нашите идеи. Неопходно ни е дружењето, вели Кулески.

За Елена Димоска битни се и иницијативите кои ќе потекнат од Центарот.

– Во Младинскиот центар ќе може да работиме активно на нашите нови идеи, да се одржуваат презентации и да разменуваме мислења за теми кои се од наше суштинско значење, смета Димоска.

Во Македонија има само 5 младински центри, иако се обврска со Законот за младинско учество и младински политики.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content