Ќазим Брахими, вработен како шофер во Министерството за надворешни работи, на 16 април од охридската полиција бил фатен со дрога, која се обидувал да ја пренесе во Скопје. Тој бил фатен со уште едно лице, а возилото рено (СК7632АС) e службено возило на МНР, објави МКД.мк.
Според сознанијата и второто лице во возилото, Фламур Лога, бил вработен во МНР (во ИТ сектор) и покажал дипломатска патна исправа. Тој на полицајците им рекол дека одат на аеродром.
Официјални информации за овој случај досега нема.
На 21 мај охридската полиција испратила официјално писмо до МНР во кое се бара појаснување за тоа дали лицето Ќазим Брахими тој ден (16 април) бил службено ангажиран и дали го управувал возилото со патен налог.