Во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше претседателот на Бошњачката партија Сафет Бишевац, тој во врска со трагедијата во Кочани истакна дека однесувањето на премиерот Мицкоски, министрите Тошковски и Таравари се на вистински начин.
„Однесувањето на највисоките функционери практично премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, би рекол и министерот за здравство Арбен Таравари овие денови се однесуваат на вистински начин, како што тоа го бара позицијата и местото на кое се наоѓаат во овој момент“, рече Бишевац.
Бишевац истакна дека охрабрува однесувањето на клучните лица во овој момент.
„Она што охрабрува е однесувањето на тројца клучни лица во овој момент кои даваат надеж дека со еден ваков пристап и вакво однесување, со темелна истрага пред сè“, вели Бишевац.