Мицкоски: Прогласувам мораториум на теми кои разделуваат и подавам рака за конструктивни дијалози

115

Во говорот од Гумење, по повод одбележувањето на 121 година од Илинденското востание, претседателот на Владата Христијан Мицкоски се осврна на барањата кои создаваат конфликти и го напаѓаат единството и целовитоста на Македонија.

Неодминливо е чуството дека не сите субјекти и политички чинители ја чуствуваат Македонија како своја татковина. Односно во наративите тие секогаш ќе ја почитуваат, но со делата и барањата кои ги ставаат на маса тие го прават токму спротивното. Било тоа да се барања за регионализација, дводомност и слични чекори на редефинирање. И затоа претходно ви говорев за единството врз кое се градеше Крушевскиот манифест а кое денес се помалку го имаме, а е идеал за кој вреди секоја борба денес и затоа борбата мора да трае. И ова е политичкиот фолклор, иако во самата суштина мотивите за ваквото однесување кон државата како да е туѓа, се наоѓаат во личните интереси и лукративните цели кои ги имаат. Смислуваат барања за да дојдат до власт која за нив значи привилегии, пари, империи, згради, имоти, удобства стекнати на грбот на народот. И кога така се расфлаат со барања со кои удираат по државата, треба да се свесни дека и јас како лидер можам и во суштина имам барања кои лесно може да се извадат на маса, но дали тоа ќе ги реши проблемите. Дали тоа ќе донесе доверба едни кон други и дали тоа ќе обезбеди иднина за сите нас. А сите сме под едно исто небо и делиме една заедничка судбина. Суштината не се политичките барања што може да се измислат, туку напорот да го направиме животот на граѓаните подобар. Не е поважно какво слово ќе има на парче хартија, од тоа каков живот има во реалноста. Не е поважно од тоа каков закон ќе има од тоа дали Липково, Желино, Тетово или Делчево има вода за пиење. И Македонците, и Албанците, И Турците, и Ромите, и Србите, И Власите, и Бошњаците се вистински уморни од злоупотребата на нивните позиции и фактот што политички елити градат кариери на нивниот грб додека сите заедно делиме една иста судбина, рече Мицкоски.

Затоа во име на подобар живот за сите Мицкоски прогласи мораториум на разговор на теми кои делат, создаваат тензии и се злоупотребуваат етничките прашања, и ги повика сите партии, субјекти и лидери да зборуваат за она што е вистински важно, економијата, образованието и иновациите кои носат иднина.

Ајде да збориме за повеќе пари за народот и економија. Ајде да отвориме дебата за економијата и како да ги решиме проблемите на граѓаните овде во Крушево, Гостивар, Дебар или Струмица и Прилеп, Кавадрци или Кичево. Подавам рака за решавање на проблеми, за конструктивни дијалози и за предлози како до подобар живот. Еве ги слушам вашите предлози. Да обезбедиме единство за економска иднина, повика Мицкоски во својата илинденска порака.

Така ќе го градиме единството и ќе создадеме иднина за сите.

Имаме економска визија за развиена Македонија. Доаѓа нова ера на развој и на нови работни места. Ова е само почетокот на нашата економска преродба, а најдоброто допрва доаѓа. Нашата цел е да создадеме стабилна и просперитетна економија која ќе им овозможи на сите наши граѓани подобар живот и сигурна иднина.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content