Мицкоски повика на масовен протест поради отворањето на бугарскиот културен клуб во Охрид

3

На седми октомври во Охрид ќе се отвори втор бугарски културен клуб во Македонија, а ќе го носи името „Цар Борис Трети“, кој бил на чело на бугарската држава за време на Втората светска војна и окупацијата на Југославија, а во нејзини рамки и на Македонија. Ова за Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ е провокација и повикува на масовен протест при отворањето.

„ Дека е провокација, не е сомнено. Груба провокација, резултат на тоа што ние како ВМРО го збориме цело време. Не станува збор за процес на интеграција, туку на асимилација, за уништување на македонскиот идентитет. Ова што денеска се случува е шокантно за Македонците, но и Евреите. Тука не гледам никаква потврда Договорот за пријателство да го нарекуваме вака. Тоа што го прават бугарската Влада и добрососедство, нема никаква врска со пријателство. Секој што смета дека треба да протестира, треба да протестира. Протест да, поддржувам, ги повикувам масовно граѓаните да излезат, но тој протест да биде мирен и демократски, да не дозволиме било каков инцидент да дефокусира“, вели Мицкоски.

Специјален гостин на отворањето ќе биде бизнисменот и филантроп д-р Милан Врабевски, со чија финансиска помош е отворен клубот.

Најава за отворањето на бугарски културен клуб со името Цар Борис III предизвика многу реакции. Најавени се протести. Се дозна дека охридскиот клуб бил отворен без позитивно мислење од Министерството за правда.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content