Мицкоски: Очекувам успешна година на економски план со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти

98

Премиерот Христијан Мицкоски очекува 2025 година да биде поуспешна од 2024 година, со раст на БДП помеѓу 3,5 и 4 проценти, инвестици од над милијарда евра и со буџетски дефицит под 4 проценти.

– Очекувам параметрите во економијата во 2025 година да бидат подобри од тие што се во 2024 година. Растот на БДП да дојде до близу 4 проценти, помеѓу 3,5 и 4 проценти, иако проектираниот е на 3,7 проценти – рече денеска премиерот Мицкоски.

Според него, 2024 година на економски план заврши со подобри резултати од очекуваните.

– Очекуваме да имаме позитивни параметри за растот на БДП за четвртиот квартал, со што севкупно, растот за 2024 година ќе биде 2,6 проценти, 2,7 проценти, а зошто да не и 3 проценти. Првиот квартал беше слаб, но третиот и четвртиот се навистина успешни, би рекол најдобри во регионот – изјави Мицкоски.

Тој повтори дека очекува нивото на странски инвестиции во 2024 година да надмине милијарда евра и да достигне уште поголем износ во 2025 година.

Буџетскиот дефицит за 2024, како што го информирала вчера министерката за финансии, има подобри параметри од предвидените и нема да биде 4,9 проценти, туку 4,4 проценти.

– За 2025 очекуваме да биде под 4 проценти. Навистина ќе имаме убави финансиски параметри, ќе бидеме меѓу првите пет-шест најбрзорастечки економии и ќе се вратиме на местата каде бевме пред 10-ина години, кога станува збор за економијата – изјави Мицкоски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content