Мицкоски на средба со швајцарската амбасадорка: Идната влада ќе биде посветена на силни реформи

168

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Марија Митева и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски остварија средба со амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Хулман.

На средбата се разговараше за идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на идна стабилна Влада и беше потенцирана силната посветеност на ВМРО-ДПМНЕ која како идна влада ќе се посвети на трите главни постулати – борба против криминалот и корупцијата, забрзан економски развој и реформите неопходни за евриоинтегративниот пат на Македонија.

Претседателот Мицкоски се заблагодари на амбасадорката за поддршката која Швајцарија и ја пружа на Македонија од осамостојувањето до денес и со сигурност се потврди и соработката која ќе се продлабочува и проширува во иднина.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content