Мицкоски најави протести и целосна блокада на институции ако нема договор за избори до крајoт на летото

0

Таа целосна блокада ќе биде во Парламентот, но и блокада на институциите, блокада на патишта, протести низ градовите. Блокада на процедурите и системот во распаѓање. На тој начин нема да легитимираме систем кој е диво месо и затруен од криминал и неспособност, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски од протестот вечерва пред Владата.

Предупреди дека следи најтешката зима, а со оваа Влада ќе биде вистинско економско цунами за народот.

,,Ова лето ќе биде протестно лето во чиј фокус ќе биде Македонија на прво место. Тоа подразбира дека тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат сите градови и села. Пратениците, Извршниот и Централниот комитет, заедно со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, ќе работат на општа мобилизација и изразување на незадоволство од политиките и лошата перспектива и економска состојба. Ќе се обратиме до земјоделците, докторите, работниците, професорите, службениците, невработените, стопанствениците, до целиот народ и ќе побараме да ни се придружат. Нас ни е потребна општестевна поддршка за целосен триумф врз мафијата. Оваа есен ќе биде есен на блокада на неспособноста и на сè она што претставува оваа власт“, најави Мицкоски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content