Мицкоски: Или ќе победи таа мафија која со децении трае или ќе победат народот и државата

99

Премиерот Христијан Мицкоски во своето гостување во „Тема на денот“ во дневникот на Сител Телевизија истакна дека по извршените контроли во дискотеките утврдено е дека повеќето од половината кои имале лиценци, не исполнуваат услови, и потенцираше дека ќе има забрани за вршење на дејност за сите кои не исполнуваат услови.

Денеска пред да дојдам на ова интервју добив информација од Државниот пазарен инспекторат дека се проверени повеќе од 60-70 локали. Дури и оние кои имаат важечки лиценци, повеќето од половина не ги исполнуваат минималните технички услови. И тоа е најголемиот проблем, изјави премиерот Христијан Мицкоски,

Премиерот Мицкоски додаде дека разговарано е и со претседателот на ЗЕЛС под итно да закаже Управен одбор, да се проверат сите оние објекти кои се под општинска надлежност.

Комуналните инспектори да излезат на терен, да ги проверат настрешниците, терасите. Нема назад, тргнавме. Или ќе победи таа мафија која со децении трае или ќе победат народот и државата. Ние сме на страната на народот и државата и одиме до крај. Ќе добијат решителност, рече премиерот Мицкоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content