Денеска остварив средба со висока делегација од НАТО Алијансата предводена од генералот и заменик директор за одбранбено планирање Фредерик Готије и Стјуарт Ендрјус висок политички експерт и известител за Македонија, кои од вчера заедно со тим експерти од Министерството за одбрана учествуваат на годишните билатерални одбранбени разговори со Алијансата, објави на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Разговаравме за процесите за спроведување на одбранбените реформи, плановите за развој на одбранбените способности, досегашните искуства на Алијансата како и за препораките од НАТО-тимот за исполнување на НАТО целите на способности. Пред НАТО-тимот уште еднаш ја потврдивме заложбата на Министерството за одбрана за континуирани реформи и развој на одбранбените способности во служба на националната и колективната одбрана, истакна Мисајловски.