Миовски: Ова се одлични три бода и старт на квалификациите за СП

99

По победата над Лихтенштајн на стартот од квалификациите за пласман на СП 2026 година своите импресии по победата ги сподели и Бојан Миовски.

„Разочаран сум од Лихтенштајн бидејќи игравме на ненаводнет и сув терен. Тоа ни правеше многу проблеми во првото полувреме. Тие не сакаа да играат фудбал, а тоа е многу жално. Ние дојдовме со една цел, трите бода. Навидум победата изгледа рутинска, ама навистина беше тешко да се одигра натпреварот. Бевме многу сконцентрирани и агресивни, рано дадовме прв гол и вториот падна во вистински момент. Се одеше во наша полза потоа. Ова се одлични три бода и старт на квалификациите.

Благодарност до публиката што дојде во огромен број. Игравме како дома. Се надевам дека и во Скопје на мечот со Велс ќе ни бидат поддршка сите 90 минути“, изјави Бојан Миовски кој беше еден од стрелците на овој дуел.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content