Мини-компјутер што го собира во џебот

0

Овој компјутер е доволно моќен за да ви овозможи да пребарувате на интернет, да користите е-пошта, да работите во канцеларијата, како и да слушате музика и да гледате видеа.

Преносниот компјутер чини 179 долари, а има можност и да се надгради. Неговите димензии се 62 x 62 x 42 милиметри, има четиријадрен процесор „интел целерон Н4100 гемини лејк“, 8 гигабајти РАМ и 128 гигабајти М.2-2242 ССД-меморија што може да се појачува. Компјутерот не е само компактен туку е и многу лесен, тежи само 121 грама, што може да се спореди со модерен паметен телефон, а тоа значи и дека може лесно да се вклопи во џеб.

 

Процесорот се лади благодарение на активниот систем за ладење, така што сè уште произведува малку бучава. Сепак, активното ладење значи дека нема да се прегрее и секогаш ќе испорачува максимални перформанси.

Мини-компјутерот поддржува безжични технологии вај-фај 5 и блутут 4.2, има порт за полнење УСБ тип-Ц и може да се користи речиси кој било адаптер за УСБ-Ц. Исто така, постојат две влеза УСБ 3.0 тип-А, влез за ХДМИ 2.0, слот за мемориска микрокартичка и 3,5-милиметарски приклучок за слушалки.

Skip to content