Министерството за одбрана објави јавен оглас за прием на 150 професионални војници

73

Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена вклучувајќи го и денот на објава.

„Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се следни:

– да се државјани на Република Северна Македонија;

– да се полнолетни;

– да имаат завршено најмалку средно образование;

– да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни.

Платата на идните професионални војници од моментот на склучување на договор ќе изнесува над 31.000,00 денари со дополнителни над 10.000,00 денари – средства за станбено обезбедување“, велат од МО.

Кандидатите за професионални војници, како што се појаснува во соопштението, својата пријавата може да ја поднесат на неколку начини:

– по електронски пат заедно со потребните документи на следниот имејл: [email protected];

– до одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.

Во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии.

Дополнителни информации во однос на јавниот оглас може да се најдат на веб-страницата на Министерството за одбрана https://www.mod.gov.mk, истакнуваат од Министерството за одбрана.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content