Министерот Зоран Љутков во работна посета на Струмица

99

Утре, 10. март 2025 година, Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ќе реализира посета во Општина Струмица, во рамките на која ќе се остварат значајни средби и активности поврзани со културното наследство и развојот на културата во регионот, соопштија од Министерството.

Љутков ќе ги посети археолошкиот локалитет Бања Банско, каде што ќе се разгледаат проектите финансирани од пограничните фондови; работна посета ќе оствари и во НУЦК Антон Панов Струмица, со средба со актерите пза време на нивната проба. Ќе го посети и Стар театар Струмица, со увид во објектот. Министерот за култура и туризам ќе даде изјава за медиуми во 12.20 часот пред Црквата Св. Кирил и Методиј во Струмица, црква на која ќе започне да се работи со конзервација, реставрација и санација на истата. Од таму Љутков ќе го посети Манастирскиот комплекс Црквата Св. Леонтиј во Водоча.

Оваа посета е од особено значење за промоција на културното наследство и поддршката на културните институции во Струмица. Во текот на посетата, Министерот Љутков ќе има можност да се запознае со актуелните проекти и иницијативи во областа на културата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content