Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, поднесе оставка

31

„Оставката ја давам поради нарушување на демократијата на локалните избори со манипулативни методи од страна на ДУИ, а и поради се што се случи вчера, ден кој беше најсрамен за демократијата. Ако во 2016 беше соборен режим, другиот дел не беше соборен. Напротив, тие ги усовршиле своите методи на класичен режим“, рече Хоџа.

Тој кажа дека движењето Беса работи достоинствено и така ќе продолжи со работа во локалната власт во општините Тетово и Желино.

Хоџа потенцираше дека немал контакт со нивниот сопартиец Кастриот Реџепи и ќе чека до понеделник за тој да се произнесе зошто вчера не се појавил на собраниската седница каде што требаше да се гласа за недоверба на Владата.

„Доколку навистина тоа што Реџепи го пишува е негов став, а очигледно не е став на партијата, ние секако дека ќе преземеме мерки во врска со неговата инволвираност во партијата“, нагласи тој.

Во врска со евентуалното влегување на партијата Алтернатива во Владата, Хоџа рече дека „тоа би било убиство, да се влезе во Влада каде што е и ДУИ“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content