МЖСПП во следните 3 год претседава со Комисијата за Управување со светското природно наследство

МЖСПП во наредните три години претседава со Комисијата за Управување со светското природно и културно наследство во Охридски регион.

175

Денес во Министерство за животна средина и просторно планирањ се одржа првиот конститутивен состанок на новата Комисија за Управување со светско природно и културно наследство во Охридски регион, која е формирана со одлука на Влада од 01.04.2024г. и со која во наредните три години ќе претседава Министерството за животна средина и просторно планирање .

„Министерството за животна средина и просторно планирање, од почетокот на своето постоење, има важна улога на заштитник на исклучителната универзална вредност на Охридскиот регион и зачувување на интегритетот на најстарото и најбогато со биолошка разновидност езеро во Европа. Министерството во континуитет имплементира конкретни активности во делот на заштита на природата што е, исто така, важно како и заштитата на културното наследство“, изјави министерката Шукова упатувајќи им честитки за именувањето на членовите на новоформираната Комисијата и желби за успех во претстојната работа.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content