СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Меѓународен Семинар за Џудо Тренери и Џудо Судии во Лисабон

Претстојниов викенд 26 и 27 Март 2022 година во Лисабон Португалија се одржува Меѓународен Семинар за Џудо Тренери и Џудо Судии.

Семинарот е во организација на Европската Џудо Федерација на кој учество ќе земат околу 100 стручни лица (џудо тренери и џудо судии). Нашата Држава преку Џудо Федерацијата на Македонија ќе ја претставуваат Мицкоски Дејан – лиценциран џудо тренер А категорија, член на стручниот совет при Џудо Федерацијата и Дан Комисијата при ЏФСМ, како и Томе Јосифоски – Интернационален Џудо Судија Б категорија и актуелен Претседател на Судиската Комисија при џудо федерацијата на Македонија.

Целта на одржувањето на овој семинар е детална обработка и имплементација на изменетите судиски правила кои ќе важат за Олимпискиот циклус 2022-2024.

 

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content