Меѓународен ридско брзински натпревар „Пониква 2023“

5

Меѓународен ридско брзински натпревар „Пониква 2023“ кој се бодува за FIA-CEZ шампионатот и за домашниот шампионат на ридско брзинските натпревари денеска ќе се одржи на регионалниот пат од Кочани кон планинскиот рекреативен центар Пониква, поточно на 1,5 километар од крстосницата кај село Бејли.

Стартот на 33-от традиционален натпревар ќе биде од местото викано Губриште, а целта на местото викано Пашаџамина шума.

На патеката во должина од 5,3 километри ќе се возат две трки на кои ќе настапат триесетина возила со возачи од земјава, Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово и Полска.

Oрганизатор на трката е Авто-клубот Перформанс, во соработка со Автомобилистичката Федерација на Северна Македонија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content