„На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, над 70 километри на час, а температурите ќе се задржат ниски до средината на следната седмица“, прогнозира УХМР.
Оттаму додаваат дека и во Скопје денеска времето ќе биде облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе продолжи да дува и во недела претпладне. Температурата ќе опадне и ќе се задржи ниска до средината на следната седмица.