МЕПСО простиле долг од 14 милиони евра на фирми од луѓе на СДСМ и ДУИ

118

МЕПСО со СДС и ДУИ отпиша 14 милиони евра долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) констатира неправилности во работата на МЕПСО, имено во 2021 година неколку фирми трговци со струја прават долг кон МЕПСО од 14 милиони евра. Сите фирми се блиски до СДС и ДУИ, една од нив У Пауер е и во сопственост на синот на Муса Џафери. Тогашното раководство на МЕПСО прво носи решение за отплата на долгот на рати, за потоа да го отпише истиот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

14 милиони евра е штетата која СДС и ДУИ ја направија врз македонскиот енергетски преносен оператор. СДС и ДУИ го користеа и МЕПСО и ЕСМ за правење на милионски бизниси. Од синот ма Муса Џафери, внуците на Али Ахмети Дрин и Бесијан, преку Зоран Заев, Вице Заев, Венко Филипче и Димитар Ковачевски, нема човек од раководството на овие две партии кои не влегоа во енергетскиот бизнис и не свртеа милиони во време на владата на СДС и ДУИ од 2017 до 2024, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека и во СДСМ и во ДУИ се свесни дека следува одговорност.

-Многу добро знаат што правеле, затоа и паниката е голема, а одговорност ќе има, велат тие.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content