Матурантите добија по 3.000 денари од општината

37

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, на овој начин им ја честита матурата и рече дека првпат годинава се поддржани матурантите, со еден придонес кон претстојната прослава на нивната матурска вечер.

-Влогот во младите е влог во сигурна перспектива на општината и државата. Како општина, една од првите во државата, донесовме програма за млади, а од буџетот за 2023 издвоивме средства за директни субвенции на младите преку повеќе мерки, меѓу кои и за матуранти. Денес на сметките на сите матуранти од нашиот град, од СОУ „Ѓорче Петров”, како честитка за претстојната матурска прослава, префрлени се средствата од предвидените субвенции за нив – по 3.000 денари од буџетот на Општина Крива Паланка, мерка воведена првпат од оваа година, рече Митовски.

Овие млади луѓе, порача, се иднината, најголемата вредност на општеството, а иднината зависи од она што го прават денес.

-Изборот за иднината нека биде резултат на одлуките и изборите на кои упорно ќе се посветите, зашто секој успех е триумф на упорноста. Бидете упорни, вредни и мудри. Честита матура и среќно во новите предизвици, им порача Митовски.

Инаку, општина Крива Паланка од годинава воведе низа стимулативни мерки за млади, меѓу кои: субвенции за набавка на дигитални уреди, субвенции за набавка на велосипед, еднократна парична помош за секое новороденче, субвенција за набавка на количка за новороденче, еднократна парична помош за матуранти и други.

Од буџетот се вложува во спортска и детска инфраструктура, со поддршка од Владата, министерствата и Агенцијата за млади и спорт, со што се изградени повеќе спортски содржини и терени.-Финансиска помош за сите спортски клубови е доделена во висина од 3 милиони денари, кои се насочени кон младите. Крива Паланка е град на млади таленти што ја заслужуваат нашата поддршка, додаде Митовски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content