Во група на Вибер, 7.000 матуранти ги разменуваат одговорите и заеднички го решаваат тестот по англиски јазик, кој денеска треба да го полагаат како дел од државната матура, објави Прес 24.
Денеска се полага вториот екстерен испит. Според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години, најмногу пријавени, 13.922 матуранти, се за испитот по англиски јазик.