Матичните лекарии не можат да пријават нови пациенти, веб страната на Фондот за здравство не функционира
Делови од веб-страницата на Фондот за здравство повторно не функционираат. Матичните лекари се жалат дека неколку дена не можат да пријавуваат и одјавуваат пациенти.
– Опцијата да пријавиме нови пациенти не е достапна веќе 3-4 дена. И претходно имаше периоди кога е недостапна, паѓа системот па повторно се враќа во функција, но неколку дена веќе воопшто не е достапна. И тоа во услови кога малтене секојдневно се затвораат ординации со по неколку илјади пациенти поради пензионирање на колеги. Како да ги пријавиме тие пациенти? Каде да побараат лекарска помош? Има пациенти со сида кои веднаш мора да се пратат на Инфективна, им требаат боледувања, бараат лекови… – вели Лилија Чолакова – Дервишова, матична лекарка и претседателка на Здружението на приватните лекари на Република Македонија.
– Во периодов се прави миграција и модернизација на серверската инфраструктура така што се јавуваат одредени тешкотии во работата. На сите заинтересирани страни (матични лекари, аптеки, јавни здравствени установи и осигуреници) им излегуваме во пресрет за да го олесниме пристапот до услугите кои ги користат од Фондот – велат од Фондот
На почетокот на февруари годинава Фондот за здравство како технички проблем го пријави она што подоцна призна дека е хибриден напад поради кој недостапни беа податоците на сите здравствени осигуреници. Проблемите беа надминати по две недели и од Фондот изјавија дека експертите утврдиле дека нема украдени податоци.