МАРКЕТИНГ ИЗМАМА: Ист Гејт, Нептун, Прилепска, Сетек, Еуролинк, Зегин, УниБанка… ИЗЛАЖАНИ СТЕ!

54

Според податоци од маркетинг агенциите, за реклами, огласи и ПР текстови во Македонија се плаќаат околу 22-25 милиони евра годишно. Од тие нешто повеќе од половина одат за објави на телевизиите, а остатокот претежно (наводно) за сајтовите и социјаланите мрежи.

Општо познато е искуството дека некои, потцртано – некои, од договорените пари за огласување дел бараат назад, а кај нарачателите, компаниите, го пријвуваат изност кој е “надуван“. Тој дел “назад“ од парите што наводно ги дале на некој медиум, често, се делат со некој од маркетинг службите во поголемите компании кои се нарачатели на рекламирањето.

Втората опција за “надувани“ фактури од агенциите кон компаниите-нарачатели е да се договори со медиумот исплата на реална цена по фактура но, заради претходно “надуени“ а платени фактури, да им се пушти некој трет клиент бесплатно, а да се достави фактура како да е платено. Фирмата-клиент, нормално, ова не го знае и плаќа полна цена за “услугата“. Во овој вид на измами често посредуват невладини организации кои имаат слобода со даночни олеснувања.

Кога има куп пари во трансфер од 22-25 милиони евра годишно, измамите се неизбежни. Во измамите најчесто се користат рекламирања преку маркетинг агенции на порталите и социјалните мрежи, пред се Фејсбук и Инстаграм.

Во светот имаат решение за ова – компаниите договараат директно со медиумот, добиваат написмено отчет за извршената работа. Нема посредници, нема “надувани“ фактури. Нема измами.

Кон сите познати измами од маркетинг агенциите, еве една нова. Брутална и до крајност дрска за релативно неупатените потписници на договорите со маркетинг агенцијата да поверуваат – да платат за огласување на сајтови и социјални мрежи, не со директен договор, туку преку посредник – маркетинг агенција. Имаат повеќе од десетина жртви меѓу видни компании во својата бранша.

Во исто друштво: Светска Банка со Зегин, Кредисимо, Прилепска пивара, Нептун… 

Постои во Македонија маркетинг агенција со назив Пикаса, со наметливо измамнички домен pikasa.ai, во кој карактерот .ai вообичаено во интернет заедницата треба да означува фирма која се бави со – вештачка интелигенција (artificial intelligence), и да послужи во приказната пред купецот, компанија која би рекламирала, дека тие се тоа – не само маркетинг агенција туку вршат и “истражувања“ со вештачка интелигенција на интернет пазарот на портали! Дека се Google GA!

За “појачан утисак“ на компаниите им покажуваат графикони, скици, сликичиња… од нивните “истражувања“ кои се, наводно, сигурни и проверени. Ако и тоа не е доволно да ја убедат компанијата да им ги даде парите, и преку нивната агенција да се рекламираат, постои уште една причина: на нивниот сајт наведуваат кои се нивни клинети – со кого работат.

Па така. наводно, клиент за кои работи оваа агенција Пикаса се Westminster Foundation for Democracy London, Обединетите нации преку Unicef и UNDП , World Health Organization (Светска здравствена организациа, Женева), американската владина агенција USAID, National Democratic Institute (Национален демократски институт, Вашингтон), EULEX Косово, па и Светска банка како нивни комитент! Имиња за клиенти со кои можат да се пофалат само неколку агенции во светот – работат истражувања и рекламирање, ете, со “маркетинг агенција“ од Скопје?!

А, равноправно со овие имиња, како нивни клиенти на нивниот сајт напишале: Уни Банка, Дечја радња Кидс мегасторе, Имлек, ЕВН, Ист Гејт мол, Прилепска пиварница, Шпаркасе, А1, Зегин, Кредисимо кеш на рака, Нептун, Сетек, Еуролинк…

Треба да си прилично наивен за да поверуваш дека маркетинг агенција која за комитенти ги има горе наведените светски институции од рангот на Светска банка, Светска здравствена организиација, Обединети нации… би работела и со локалани скопски фирми за заработка од пар иљади евра по фирма. Здрав разум наведува да се помисли – овде нешто не е во ред, овде има измама!

А како тече измамата?

Не мери со метро, верувај на мерење со мојот палец

Според информации од компании на кои оваа “маркетинг агенција“ Пикаса Скопје им пристапила, маркетинг агент е извесна Ема Муратова која им презентира какви се “чуда“ може да направи Пикаса со нивните пари на интеренет порталите и социјаланите мрежи. Штом се добри за Светска банка, или Обединетите нации, не треба ни да се мисли дали се добри за фирма во Македонија.

Со целата шема на Пикаса раководи извесен Норик Селими, баџанак на Ваљон Сарачини. Селими на Криејтив Хаб Македонија е претставен како лик со искуство во консалтинг и човечки ресурси, основач на Мотива груп, ко-основач на интернет порталот Кариера, и – на спомнатава Пикаса стратеџик (иако на друго место се претставува како Пикаса аналитикс).

Според јавно достапни податоци Норик Селими добро заработува од тендерите од јавни институции кои, речиси по правило, се раководени од ДУИ:

Од Комунална хигиена Скопје 1,8 милиони евра (договор склучен на 06.08.2018), за услуги со привремени вработувања. Од Министерство за правда, преку своите фирми, дополнителни 50.000 евра, од Македонска радиодифузија 10.000 евра, од Собрание на Македонија 17.000 евра, од ЈЗУ Клиника за Ревматологија 20.000 евра, Служба за заеднички и општи работи на Владата 50.000 евра (договор од 31.01.2018), друг договор од Комунална хигиена Скопје со 1,7 милиони евра (договор од 20.07.2017 година)…

Кога од консултации и посредување за привремени вработени се префрла на пазарот на маркетинг агенции, применува нови, досега во тој бизнис невидено дрски методи на измама. Ги убедува потенцијалните клиенти, фирми кои би рекламирале на сајтови преку неговата агенција, дека тој, односно неговата агенција Пикаса Скопје, има прецизни мерења за активности на македонските сајтови и фејсбук профили, страни и групи. И тоа со примена – на вештачка интелигенција!

Од каде таа идеја, и кои методи се употребуваат во измамата.

Имено, тројца информатичари од ФИНКИ пред околу 6 години го продадоа агрегаторот за вести Грид.мк на двајца скопски бизнисмени. Купувачите имаа цел – развој на медиа група со повеќе портали и агенција за анализа на пазарот. Формираа фирма Клип Медиа Скопје, процес кој беше успешно граден и завршен. Клип медиа со најмалку седум портали плус агрегатор беше најголема групација меѓу порталите – со А1.он.мк, Макфакс, Репортер, УСБ, Инфо, агрегаторот Грид, а втора Максмедиа со Вечер, Весник и агрегаторот Вести.мк…

Патем, во Клип медиа, почнаа да развиваат “сентимент“, платформа која би правела анализи на пазарот – врз основа на достапни податоци од интернет сајтовите и Фејсбук. Таа платформа при продавањето на Грид.мк беше во почетна фаза, нефункционална и без потврдени влезни податоци.

Еден од тројцата продавачи на Грид.мк е, според наши информации, ко-сопственик со погоре спомнатиот Норик Селими на интернет порталот Кариера.мк, што е важно за подоцна.

За податоците да им бидат достапни во анализа на пазарот над 50 портали, по своја воља и во договор со Клип медиа, дозволија на нивните сајтови да се постави код/скрипта од Клип медиа како од внтаре би се следело што се објавува и што се чита на порталите кои им станале партнери. Само на тој начин, и ниеден друг, некој може да види читаност на портал, и тоа по сегменти. Тоа, и на таков начин, го прави и големиот Гугл кој врши мерења на читаност низ целиот свет.

За да бидат податоците транспарентни и јавно достапни секому кој е заинтересиран, Клип медиа во 2018та постави сајт статистика.мк каде секој можеше да види рејтинзи на читаност но, само на порталите кои доброволно се пријавиле за такво мерење. Меѓу нив беа и Вечер, Весник и агрегаторот за вести Вести.мк. Намена, освен за прецизно јавно информирање, на овој систем на мерење беше и да биде од корист за компаниите што рекламираат и маркетинг агенциите.

Во време кога Клип медиа го развиваа “сентиментот“ за истражување на порталите, социјалните мрежи и пазарот – тоа функционираше. Но, пред околу две години поради интерес во други деловни активности, еден од сопствениците ја напушти фирмата, а другиот се фокусираше на дејности кои по својот предизвик и профитност надминуваат интерес за постојана контрола на бизнисот во интернет истражувањето и објавувањето портали.

И, тогаш се случува еден од ИТ програмерите кои, своевремено, им го продале Грид.мк на Клип медиа, а кој и потоа бил ангажиран понатаму во Клип Медиа, самоволно да присвои дел од софтверот и, според она што може да се види од активноста на “маркетинг агенцијата за истражување“ Пикаса, да го стави на располагање на Норик Селими и на Пикаса за измамување на фирмите со кои преговараат за рекламирање на сајтови. Тој е програмерот кој од претходно соработува со Норик Селими како партнер во Кариера.мк.

Освен дел од софтверот, украден е и дизајнот на податоците за рејтинзи од статистика.мк, во сопственост на Клип медиа, а не на Пикаса. Но, со софтверот не ја пренеле и базата на податоци за сајтовите. Во нивната база, на Пикаса, нема податоци за читаност нан сајтовите! од проста причина затоа што на сајтовите кои “се мониторираат“ нема вграден код/скрипта од Пикаса.

Пикаса на муштериите им нуди празна приказна. Сликичиња од “податоци“ од кои, со голо око, се гледа фаворизирање на 7-8 портали кои се без битно значење на пазарот но, добри за “пумпање“ фактури за натаму да се насочат парите од огласувачите преку договори со Пикаса.

Накусо, рејтинзите презентирани од Пикаса се лажни, а софтверот на кој се повикуваат е украден и без изворни бројки за читаност. Статистика.мк веќе не функционира без кодови на сајтот кој “се следи“, “мерењето рејтинзи“ на Пикаса врз основа на тој софтвер – не постои. Фирмите кои рекламираат преку Пикаса се измамени, и немаат реален ефект од рекламирањето.

Оние кои договраат рекламирање на сајтови, па и социјални мрежи, не се информатичари и со вакви монтирани сликичиња без основ во реални бројки, можат да бидат измамени кога ќе им се појават Ема Муратова или Норик Селими со “бомбастична“ листа на светски познати институции како партнери. Можат да бидат измамени – ако сакаат да бидат, или ако се мрзливи. Разумен човек брзо би видел дека нивните “светски партнери“ не се компатибилни за наши агенции, а дека нивните мерења на сајтови не се во сооднос што тој во фирмата огласувач секојдневно го гледа.

А парите течат, измамата си врви, 10-те милиони евра годишно дадени за реклами на сајтови и социјални мрежи не ги гледа никој, освен маркетинг агенциите кои измамнички посредуваат.

Контролата на рејтини е едноставна: Секоја фирма која има интерес од рекламирање на сајт, може и треба да побара извод од Гугл за месечна/годишна читаност за тој сајт. Да погледне колку посети има, да ги помножи со бројот на прочитани страни – и за минута да види рејтинг на сите сајтови. 

Ако тоа му е сложено, на својот компјутер може истото, со рефрентен урнек од околу 35-40% што е читаност на десктоп, да го види со пoсета на специјализираниот глобален систем за мерење читаност на сајтовите similarweb.com каде има податоци за сите сајтови во светот кои имаат најмалку 10.000 посети во месецот.

И таму по истиот модел: бројот на посети помножен со бројот на прочитани страни, тоа е капацитетот на сајтот на прашањето колку читања и влијание има, и колку пати би можеле да се појават вашите рекламни банери или ПР објави.

https://vecer.mk/top-vesti/top-10-ova-se-najchitanite-informativni-portali-vo-makedonija

Најпосле, за да има целосна слика, фирмата огласувач може да побара попис на сите фан страни на Фејсбук на кои сајтот постира/објавува вести со бројки за фанови на нив, и да види колку неговиот ПР текст/објава има капацитет за влијание во јавноста. Толку, и нема да се има осет на измамен човек.

Се друго, надвор од овие големи, сложени светски системи за следење читаност на портали како Гугл и Симиларвеб – е измама. Порталите Вечер, Весник и Време, како ни агрегаторт Вести.мк, ниту пак стотина други од Македонија, НЕМААТ ДАДЕНО ПРИСТАП ниту на Пикаса, ниту на било кој друг освен на Гугл, и преку него на нивниот партнер similarweb.com. Сите се злоупотребени од агенцијата Пикаса, и огласувачите и порталите.

Значи: Уни Банка, Дечја радња Кидс мегасторе, Имлек, ЕВН, Ист Гејт мол, Прилепска пиварница, Шпаркасе, А1, Зегин, Кредисимо кеш на рака, Нептун, Сетек, Еуролинк… Пикаса ве измамиле како да сте седнале со шибицари на панаѓур.. кај е топчето под трите капачиња.. овде-онде.. на крај никаде, а парите отидоа кај соработниците на ДУИ кои живеат од тендерите на нивните функционери.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content