Според информациите, вчера околу 17 часот, при преглед извршен во автокамп лоциран на брегот на Охридското Езеро, врз Д.А.(23) од Скопје, полициските службеници пронашле и одзеле кеса со марихуана и нож.
Д.А. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Полицијата истот ден го привела и Ф.Б.(37) од Скопје.
„При преглед извршен во автокамп лоциран на брегот на Охридското езеро, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронашле и одзеле кокаин и марихуана. Дополнително, при претрес извршен по судска наредба во неговата камп приколка, пронајдена е кеса со марихуана“, велат од МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.