Малолетничка натепана од вонбрачен сопруг среде Прилеп
На 08.09.2020 околу 00,30 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека кај угостителски објект на ул.„Цар Самоил“ малолетничка од Штип била малтретирана од вонбрачен сопруг В.Ј(21) од Прилеп.
Извршен е разговор со мајката на малолетничката, која потврдила дека нејзината ќерка вонбрачно живеела со В.Ј., и се преземаат мерки за расчистување на случајот.