Малата Мила спие на душек ставен на цигли – помогни да има дом!

101

Во распадната куќа без под, без прозорци и без храна, едно бебе расте во страв и студ. Семејството бара само едно – покрив и топлина за Мила. Помогни!

Мила има само еден месец. Родена е во сиромаштија, во распадната куќа во селото Дулица, далеку од сè што значи безбедност. Спие на стар душек ставен на цигли, под дупчест таван, опкружена со студ и влага. Нејзините родители, Ерика и Здравко, млади и полни со љубов, но и со здравствени потешкотии, немаат средства ни за храна, ни за греење, ни за основни услови. Ако Мила се разболи, нема каде – нема пат, нема такси, нема доктор. А времето до градот пеш е предолго за толку мал живот.

Семејството моли за помош – не за луксуз, туку за шанса. Во Виница имаат стара недовршена куќа. Ако се уредат само две соби, ќе можат да се преселат поблиску до амбуланта, до продавница, до иднина. За Мила. Да не расте во студ, да не живее во страв. Секоја донација, секое споделување, секој добар збор – е чекор кон дом за едно бебе кое го заслужува светот.

За да можат Ерика, Здравко и малата Мила да се преселат во куќата во Виница и да започнат нов, побезбеден живот, потребни се 300.000 денари. Со тие средства ќе се уредат две соби – ќе се постави под, ќе се санира кровот, ќе се вградат прозорци и врати, ќе се обезбеди основен мебел и поврзување со вода и струја. Сè што е неопходно за едно бебе да расте во топлина и сигурност. Ова семејство не бара многу – само услови да живеат достоинствено и да ја заштитат својата ќерка.


—————————————————

💳Донирај и помогни со картичка, со сума од 100 до 6000 денари на ден по картичка
🏦Донирај на банкарска сметка на ФОндацијата: 270078016610134 (опис: За Мила). Молиме оваа опција да се користи само за суми на 6000 денари, за помали суми тука се онлајн донирањето со картичка.

<a href=”https://ecrowd.mk/projects/eee39c08-b4fe-4ffe-b2e6-b2a4ff64b377?fbclid=IwY2xjawJgbRpleHRuA2FlbQIxMAABHmu9hgPuoCcasHYoQ1E0vBsnI-ksfIXTMxV-U9TP8wikmVjv5k0U4zPye_bW_aem_GZrCsthYngMZaWrzsMzLfQ”>ЛИНК ЗА ДОНАЦИЈА – КЛИКНИ И ДОНИРАЈ </a>

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content