Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански

106

Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански и порачаа дека ќе се борат за своите права.

На собирот во градот Мелник, пред споменикот на Сандански се одржа народен собир на кој учествуваа Македонците од Бугарија, припадниците на ОМО „Илинден – Пирин“, како и бројни гости од Македонија и од други земји во кои живеат нашите сонародници.

На присутните им се обрати Стојко Стојков, копретседател на ОМО „Илинден – Пирин“.

– Јане остави големо политичко и идејно наследство, кое е живо и денес. Да не се плашиме од тиранијата, да се бориме за своите права, да бидеме она што сме – Македонци, да ја сакаме Македонија, да не мразиме никој народ, да соработуваме со сите што сакаат да соработуваат со нас, да се бориме за правда, слобода и совршенство, да сакаме да паднат границите што ја делат Македонија во еден европски сојуз, слично како што сонуваше Јане – за обединување на балканските народи во балканска федерација. Ние немаме за цел цепење територии, поставување или местење граници, туку нивно симнување – порача Стојков.

Тој потсети дека наспроти сите зачувани сведоштва, денес, во Бугарија официјално се негира дека Јане Сандански бил Македонец, кој се борел за автономна Македонија.

Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците, Драган Ковачки и Никола Мицевски присуствуваа на настанот.
фото Фејсбук/Ѓорѓија Сајкоски

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content