Македонските извидници на централна прослава во Прилеп и со порака за поддршка на младите

43

Во рамките на прославата во Сојузот кој брои над 3000 членови во земјава се примени новите, најмлади извидници од 6 до 10 години кои ја положија извидничката заклетва. Дел од прославата е и движењето на извидниците по трасирана патека низ градот со бројни забавни активности.

Како што вели Бобан Москов, претседател на Сојузот на извидници на Македонија ова е година на одбележувањето голем јубилеј: 70 години од Сојузот на извидниците на Македонија. Извидничкото движење кое во светот има околу 60 милиони членови е големо и влијае на формирањето на карактерот, доблесните особини кај младите и формирањето на сигурна и одговорна личност.

– За првпат оваа централна манифестација на Сојузот се случува надвор од Скопје. Одлучивме да биде во Прилеп. Имаме поддршка од прилепскиот извиднички одред „Феникс“ и од градоначалникот. Имаме околу 400 извидници од цела Македонија. Овде ќе дадат завет и во извидничката организација ќе се придружат малите членови, од 6 до 10-годишна возраст. Предвидено е да имаме патека низ градот со контролни точки. Младите ќе се забавуваат и ќе уживаат. Годинава одбележуваме и 70 години од постоењето на Сојузот на извидните. Имаме континуитет и како организација се трудиме младите да ги упатиме на вистинскиот пат, да бидат сигурни и одговорни личности кои ќе придонесуваат во општеството, рече Москов.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content