Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот

60

Некогаш од Владата сакаат да се споредуваат, па јас ќе направам една споредба, се спремав за оваа денешна емисија. Еве нема да зборувам субјективно, туку ќе ги зборувам податоците кои што ги објавува Еуростат, нели сите веруваме дека Еуростат објавува точни податоци. Ако тоа го земеме како апсолутна вистина, тогаш да речеме оние компании, малите компании или средните компании кои што трошат помеѓу 500 или 2.000 мегават часови годишно, а тоа се најголем дел од компаниите во Македонија, во првата половина од 2017-тата година во Македонија тие компании плаќале најевтина струја, споредено со сите држави во регионот. А, во споредбата се вклучени седум држави, Турција, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора и Македонија. Во првата половина според Еуростат, не според мене, во 2017-тата година македонските компании плаќале 52,4 евра по мегават час, па следи Босна и Херцеговина со 58, па Србија со 58,7, па Турција итн.“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Отворено студио“.

Мицкоски додаде дека денеска во првата половина 2022 година македонските компании од овој обем плаќаат најскапа струја. Односно плаќаат 168 ипол евра за мегават час, па Турција со 117 евра, Албанија 105, Србија 89, Црна Гора 76, Босна и Херцеговина 71 и Косово 65,9 односно 66 евра за мегават час.

-Затоа велам кажав што е вложено, што не е вложено и што е ефектот. Еве ова е ефектот од тоа што не е вложувано. Граѓаните бидејќи често ги слушаме како велат граѓаните ги субвенционирале, еве за истите овие седум држави, денеска македонските граѓани според Еуростат повторно ќе кажам не според Христијан, не според ВМРО-ДПМНЕ туку според Еуростат, ако прифатиме дека тие ја зборуваат вистината, граѓаните и домаќинствата во првата половина од 2022 година во Македонија плаќаат убедливо најскапа струја, па потоа следи Црна Гора, па Албанија, па Турција, па Босна и Херцеговина, Србија и во Косово плаќаат најевтина струја. Во Косово плаќаат 55,5 евра, а во Македонија 89,5 евра или би рекол 34 евра по мегават час поевтино плаќаат во Косово, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека во првата половина од 2017-тата година само домаќинствата во Србија и Косово плаќале поевтина струја од Македонија. Додека пак Црна Гора, Албанија, Турција и Босна и Херцеговина плаќале поскапа струја за домаќинствата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content