Голем придонес во овој триумф имаше македонскиот репрезентативец Даци кој двапати се запиша во листата на стрелците.
Нашиот играч го постигна водечкиот погодок во 41 минута (1:0), а вториот го реализираше во 46 минута.
Тоа беа првите погодоци за Даци оваа сезона за Коњаспор во вкупно досега шест настапи за неговиот клуб.
За Коњаспор ова е шести триумф во шампионатот за моментно осмо место со 22 бодови, осум помалку од четвртопласираниот Галатасарај.