Македонската репрезентација во едрење на Европско првенство во Словенија

0

Македонската едриличарска репрезентација денеска отпатува за Изола, Словенија, каде од 5. до 12. април ќе учествува на Европското младинско првенство во класата Ласер – ИЛКА 4.

Ова е уште еден настап на најдобрите македонски едриличари во континуитет на најсилните европски собири, на кој ќе учествуваат 365 едриличар(к)и од 33 земји од Стариот континент.

Македонската репрезентација од утре па се до 6. април за кога е закажан стартот на првите трки, во Изола ќе реализира и тренинг-подготовки со меѓународни тренери, како едриличарките што поподготвени би го дочекале настапот на првенството.

Skip to content