Македонија со четири пати поголем извоз на вино, алармира Бугарската стопанска комора

57

Илустрирајќи го драматичниот пад на извозот на вино од земјата, Бугарската стопанска комора (БСК) како крунски аргумент го посочува фактот дека „една“ Македонија веќе извезува речиси четири пати повеќе од „пијалакот на боговите“ во споредба со Бугарија.

„Бугарија со години беше еден од најголемите производители на вино во светот, но сега ја губи својата позиција речиси две децении. Во 1961 година земјата беше меѓу првите 15 држави-извознички, а во 1975 година го зазеде дури четвртото место во светската класификација. За жал, поради општите трендови во последните 20 години и по 2007 година нашата земја секоја година ја губеше својата позиција во оваа категорија. Дека бугарскиот извоз на вино се намалува го поткрепува и ставката ‘царинска тарифа 2204 вино од свежо грозје’, покажуваат светските надворешнотрговски податоци. Во периодот од 2003 до 2022 година земјите од Европската унија ја зголемуваат количината на извезено вино за 50 проценти. Растот на Словачка е повеќе од три пати, а на Унгарија е речиси два пати. Северна Македонија сега извезува речиси четири пати повеќе вино од Бугарија“, стои во анализата на Комората.

„Оваа сеопфатна анализа на податоците за бугарскиот извоз на вино и оние на балканските земји и на целата ЕУ покажува дека главната причина за постојаниот бугарски пад на извозот во последните 20 години е во самите нас, а не во светската конјунктура. Веројатно ни размерот на земјоделските субвенции, поради кои во моментов протестираат земјоделците во Бугарија, не се најважните причини за таквата состојба на бугарското производство и извоз на вино, бидејќи дури и земјите надвор од ЕУ, како Северна Македонија и Србија, не само што ги задржуваат своите пазарни позиции, туку и постојано ги прошируваат. На Бугарија очигледно ѝ требаат итни и радикални политички, економски и радикални промени“, пишува во коментар Борислав Георгиев, експерт за надворешна трговија во БСК.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content