По драматичната гостинска победа обезбедена со тројка во финишот против Данска, Македонија губеше во поголемиот дел од мечот, пред момците да се „разбудат“ во последната четвртина за сега да имаме 2-0 скор во групата Д, исто како и Шведска, која претходно со високи 99:75 ја совлада Данска.
Повторно најдобар во македонскиот состав беше Ненад Димитријевиќ, кој беше најефикасен со 20 постигнати поени, а неговата игра беше посебно одлучувачка во последната четвртина, кога постигна пет поени во низа за да ја обезбеди победата. Андреј Јакимовски додаде 15 поени, а Војдан Стојановски уфрли 15 поени.