Македонија оди на победа против Летонија за заверка на првото место

116

Македонија со победа денеска треба да го завери првото место во групата 4 од Лига Ц со што и официјално ќе обезбеди место во Лига Б за следното издание на Лигата на нации.

Момците на Благоја Милевски влегуваат како фаворити во овој натпревар и се освен наша победа би било изненадување.

Македонија досега има одигра четири меѓусебни дуели против Летонија и на сите четири излегла како победник. Последниот беше неодамна во Рига каде триумфиравме со 3-0, но противникот покажа дека има квалитет и покрај високиот пораз.

„Секој има свој план, но е фокусот е како ние ќе одиграме. Подготвени сме и сè ќе зависи од нас самите, самите одлучуваме и целта е првото место“ вели селекторот Благоја Милевски.

Столе Димитриевски се надева дека и на денешниот натпревар ќе остане со чиста мрежа.

„Сакам и по овој натпревар да останам со чиста мрежа, кога на прес нагласувам дека сакам чистам мрежа, тоа ми носи среќа и се разбира дека тоа ми е целта и за утрешниот натпревар. Не чувствуваме притисок, најважно е да победиме и да останеме на првото место. Тоа беше нашата цел и пред оваа Лига на нации, тоа е нашата и на овие два последни натпревари“, вели голманот на Валенсија.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content