Селекторот Милевски почна со Димитриевски на голот, во одбраната Зајков, Муслиу и Манев, како латерални бекови Алиоски и Ашковски, во средниот ред Барди, Елези и Атанасов, а напред Елмас и Миовски.
Италија почна земајќи го поседот и повеќе играше во првите дваесетина минути, а имаше и оправдано поништен гол поради офсајд.
Македонија прв пат се закани во 19. минута кога Алиоски нафрли за Миовски, но овој со глава го промаши голот.
Аѕурите имаа повеќе обиде во првите 45 минути, но не успеаја да погодат. Затоа, само две минути по паузтаа студен туш за Македонија. По едн алошо расчистена топка Барела погоди пречка, а одбиената топка Имобиле лесно со глава ја смести в гол.
Следуваше период каде Италија ја контролираше играта, не дозволувајќи Македонија да создава шанси. Но, тоа се смени кон крајот.
По неколку закани, во 81. Минута Барди перфектно изведе слободен удар и израмни на 1:1.