Маж паднал во бунар, го спасиле прилепските пожарникари после три часа акција

4

Регионалниот ЦУК Битола соопшти дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица во Прилеп со три пожарникари и едно возило извршиле спасителна акција и извлекувале лице паднато во бунар помеѓу селата Црнилиште и Гостиражни во Општина Долнени. Акцијата траела скоро три часа.

Лицето било живо, но повредено и со возило на Брза помош е пренесено во болницата во Прилеп. За природата на повредите нема податоци, но човекот го извлекле од бунарот и го спасиле, се наведува во соопштението.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content