Локалните и регионалните медиуми со најава за штрајк доколку не се исполнат нивните барања

36

„Започнуваме со првата фаза во Вторник, 26.04.2022 со штрајк на локалните и регионалните медиуми. Штрајкот ќе биде со гаснење на нашите програмски содржини во 19:00 часот до 19:30 часот. Нашиот медиум како членка на Здружението на локални и регионални медиуми „Медиум Објектив“ штрајкува заради игнорирање на нашите барања испратени до Владата и надлежните институции!“ е потенцирано во писмениот допис.

Се надеваат дека до 25 овој месец ќе биде прифатено нивното барање упатено до Владата за ослободување на 50 отсто од плаќање на надоместокот за дозвола за 2022 година која ја плаќаат радиодифузерите кон регулаторното тело.

Изразувањето на протестот како што велат ќе биде во два стадиума од кој првиот е преку прекин на програмите во траење од 30 минути во прајм тајм термините секој ден а доколку барањето остане игнорирано тогаш според најавите по 15 дена од штрајкот ќе се премине на вториот стадиум со прекин на програмата од 1 час секој ден и престанување на следење на активностите на челниците на локалната самоуправа и јавните претпријатија.

„Локалните и регионалните медиуми се во многу лоша состојба и неопходни се решенија“ додаваат засегнатите во случајот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content