Лажни полицајци бараат пари за помош во лажни несреќи

108

Охридската полиција ги предупредува граѓаните да внимаваат на телефонски повици во кои измамници се пријавуваат како полицајци и бараат пари од роднини кои наводно учествувале во сообраќајни несреќи.

,,СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои лажно се претставуваат како службени лица и вршат измами, претежно на повозрасни граѓани од Охрид, со телефонски јавувања за наводно случена сообраќајна несреќа со жртви или тешко повредени лица – членови на нивните семејства. Притоа, користејќи ја нивната вознемиреност и загриженост, од нив изнудуваат парични средства. Апелираме до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични измами, преку повици добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 112 или во најблиската полициската станица”, стои во соопштението кое до медиумите го испрати портпаролот на СВР Охрид Димоски.

Измамата за која се зборува и во други градови во Македонија претходно на криминалците им успеала кај неколку луѓе кои на лажните полицајци им дале пари за да помогнат во сообраќајки кои воопшто не се случиле.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content